Солзите Од Рајот
Биографија
Да! Тоа сум јас, Дејан Станојевић. Роден сум на 12ти Август 1991 во Тетово, тогашна бивша Југославија. Како мал па и сега не сакам многу многу да читам книги, но пред некое време почнав со пишување на обични текстови и кратка поезија. Продолжив со моето пишување и се натпреварував на интернационален светски натревар на кој добив неколку пофалби и сертификати. Досега имам пишувано мноооогу поезија, љубовна, животна, гневна... Пишувам на разни видови теми, но најмногу се задржувам на гневните теми на кој ја прикажувам смртта и кои ми помагаат да се ослободам од моменталната нервоза. Инаку, до ден денеска, жив и здрав си имам 16 години, а годинава полнам 17, па да ми се множат. :)
Странава како што кажав е посветена за мојата прва книга која е украсена со насловот "Солзите Од Рајот". Исто така може да проследите и дел од мојата поезија која сум ја пишувал во теков на последните неколку години поточно од 2006 па навамѕ. Ова е мое прво поголемо дело и се надевам дека ќе биде прифатено доста позитивно од читателите. До пред некое време т.е. додека ја пишував книгата некаде до половина, се беше тајност. Се криев од секого и сешто. Но, кога дојде денот, кажав на моите блиски и нормално се зачудеа. Знаат дека пишувам поезија, но никој не знаел дека ќе почнам да пишувам книга. Си планирам и втора книга за која сигурно ќе информирам на истава страна како нов дел. Ајде, има време за втора, сега за сега загревам со првата. :)
Воедно, покрај литературата се занимавам и со музика затоа што без музиката неможам буквално да живеам! Свирам гитара, поточно свирам во Warnament, бендот кој го оформив со првиот ритам гитарист Јоцо.Исто така свирев и во други локални бендови како Steel Thunder, Night Elves, Parallel Universe и скопскиот бенд Scorch. Моментално сакам да се концентирам на Warnament затоа што снимаме нов материјал кој треба да биде издаден некаде после лето.

