Глава II
Глава II
Престојот во пеколот
Кочијата веќе пристигнала во дворот на пеколот,во кој кој имало два премина. Првиот премин бил преминот во кој биле забранети душите со крила, зашто всушност тие не припаѓале тука, а вториот премин бил преку разгорен жар низ кој грешниците поминувале за да страдаат, дури и кога се на влезот на пеколот. Абдил кога се освестил видел дека нешто не е во ред.
- “Што е ова?” – си рекол тој зачудено – “Се надевам дека нема да биде болно.” – си рекол и се потсмирил
Кога излегол од кочијата двајца од стражарите го фатиле и сакале да му ги скратат крилата, а тоа за ангел е нешто страшно и невозможно .
- “Оставете ме! Ќе ве погубам сите ако не престанете! Ја сусм невин!” – им се развикал Абдил на стражарите
Абдил се противставувал на секој нивни збор, и секоја нивна одлука, затоа што бил невин и по грешка пратен во пеколот.
- “На кому му е гајле будало, наредено ни е тоа да го направиме и ќе го напрамиве. Хахахаха” – злобно му се насмевнале стражарите на Абдил
Никој не го слушал и му го сториле најлошото, му ги скратиле летечките крила за да неможе всушност да избега, и го фрлиле во нивната пеколна зандана додека одлучат што ќе прават со него.
- “Нека скапе во оваа зандана (хаха). Никој нема ни да го погледне тука” – се смешкале двајцата стражари
Така Абдил останал сам во темната зандана, и првата вечер бидејќи бил многу заморен заспал. Цела вечер имал кошмари и визии: “ Се нашол во една мрачна шума. Дрвјата гореле и нивните гранки паѓале врз распарчената земја. Во шумата бил изнемоштен и наеднаш видел голем црн ангел како лета накај него Ангелот замавнал со мечот и го прободел Абдил во неговиот стомак. Тогаш Абдил се разбудил”. Но веднаш сватил дека тоа е само сон и набргу заспал повторно. Шетал низ прекрасна градина низ која цутеле најубавите цветови кои давале прекрасен мирис. Тогаш здогледал една убавица која одела накај него, но никако неможел да и го види лицето. Пошол Абдил накај девојката но таа била повлечена од црна сила која вриштејќи за помош по Абдил со нејзината рака испружена, била проголтгана од црната сила. Кога се разбудил Абдил неможел никако да се сети на нејзиното лице, и затоа по малку заборавил на тоа. Дошол чуварот:
- “Ти ли си Абдил, рајскиот предавник? Ако си тој, веднаш да дојдеш, царот те повикува да ја извршиш својата должност.” – му рекол стражарот на Абдил
- “Да, јас сум тој, но не сум предавник! Што ли тражи... – Абдил се онесвестил
Се разбудил на направа за мачење со која биле измачувани душите во пеколот за нивните зли дела.
- “Кажи будало, што дело си направил?” – злобно го исмевале стражарите
- “Поради преголема грешка сум пратен тука” – со голема болка одговарал Абдил –
- “Кому му е гајле за тоа (хаха). Ти ќе се мачиш овде поради твоите гревови!” – му се заканиле смеејќи се стражарите на Абдил
Следувала кратка пауза во која душите оделе малку да се искапат во жешка вода за да им заздрават малку лузните од мачењето. Абдил сиот во нервоза влегол во водата, и водата по неговото влегување испарила.
- “Што?!? Кој си ти ангелу? Што бараш тука?” – уплашено му се обратиле душите
- “Бесправедно сум осуден на ова, но ќе се одмаздам!” – им одговорил Абдил
Стражарите виделе дека нешто не е во ред. Веднаш дошле и виделе дека ја нема водата.
- “Ти си најзлобната душа што престојува во пеколот! Веднаш во твојата зандана!” – му се развикал едниот од стражарите
.Абдил имал неверојатна моќ за која ни сам не знаел. Повторно го вратиле во неговата зандана. Преку ноќта размислувал како да побегне од пеколот, но никако не дошол до некое решение или план. Така замислен се загледал во една точка во која случајно здогледал дека фали цигла. Дошол до ѕидот, и видел дека всушност циглите се тргнуваат една по една. Почнал да го отвара ѕидот и наеднаш наслушал разговор:
- “Вака ќе го извршиме нападот на царот, нема кај да ни бега!” – “Се разбира дека може да го нападнете од зад грб, никој нема ни да забележа што...” – се слушнал разговорот на двајца луѓе
Абдил го препознал гласот на старецот, и веднаш знаел дека тој всушност бил злиот човек кој го украл скапоцениот камен на царот, но другиот глас не му бил познат. Кога Абдил ги тргнал цигните порталот веќе се затворил и за малку не влегол во него. Тоа бил неговиот најголем неуспех заради кој за малку ќе паднел во депресија. Кога поубаво ја разгледал собата видел дека чуварот што ги чувал занданите бил убиен од страна на старецот и непознатиот човек, момент пред да дојде тој во стражарницата. Веднаш се појавиле минјоните[1] од пеколот и виделе дека чуварот е мртов. Тие биле преплашени затоа што знаеле дека Абдил е најзлобната душа што некогаш дошла во пеколот и веднаш се разбегале. Од нивните викотници дошле двајца минотари[2] од пеколот кои немале од ништо страв.
- “Ти, злобна душо, го уби чуварот на оваа зандана! Мораш веднаш да дојдеш со нас кај кентаурите!” – му рекле минаторите на Абдил
Го зеле со себе и го однеле кај кентаурите,[3] кои биле едни од царевите помоќни војници и негови канцелари. Нивните очи биле црвени, а тие целите биле црни, со намрштени лица што веднаш ја претставуваат злобата нивна. Минаторите им кажале на минатори што всушност Абдил направил.
- “Оваа злобна душа го уби чуварот во занданата! Од него се преплашени сите во пеколот! Има преголема моќ, премногу злобна што дури и водата пресуши долу кај машините за мачетње.” – запрашале минаторите
- “Хмм... Поради неговото зло, тој може многу да му наштети на пеколот. Веднаш пратете го во одбрамбената зандана, нема излез од таму.” – одговориле кентаурите
Абдил добил поголема казна и завршил во најодбрамбената и најмоќната зандана во подземното царство, заробен со ланци и обесен на ѕидот...
[1] Робови.
[2] Митолошки суштества. Човек со глава од бик и голема секира во нивните раце.
[3] Митолошли суштества. Половина коњ, половина човек опремен со моќна прецизна стрела.

