Глава III
Глава III
Бегство од занданата
Абдил останал сам во моќната зандана во која бил тотално изолиран и заробен со никакви услови, и можности за бегство. Истоштен и изморен се предал сам на себе си да виси на ланците, со што му се појавиле жулеви на рацете и на нозете поради ланците. Наеднаш каменот кој висел на неговиот врат почнал да испушта чудесни звуци, и почнал да свети. Адбил ја почувствувал моќта што струела низ неговото тело, и добил толкава сила што ги скинал ланците од ѕидот, и паднал на земјата со мали повреди. Сиот гнев што му се создал поради неговата загуба на крилата за летање, на разните мачења во пеколот, и секоја местенка што му била приредена во рајот и во пеколот од страна на злобните души, му помогнал да ја скрши вратата од занданата. Занданата во која престојувал била исполнета со разни црни суштества кои врескале по него, и се обидувале да го повредат. Таму имало разни харпи[1], хидри[2] и медузи[3], кои со сета нивна сила се обидувале да го повредат, но никако не успеале, бидејќи тој блескал од рајската светлина. Тој некако излегол од тој ходник и пробал да ја разбие големата порта од тврдината, но никако не успеал. Но, наеднаш здогледал минјон кој управува со вратата, качен на скаличките покрај вратата. Абдил веднаш се качил таму и успеал да го тргне минјонот, и ја отворил големата порта. Излегол и се упатил по патот што следел. Насекаде имало лава и дрвјата кои биле исцрнети и гореле. Дошол до една колиба во која душите продавале се и сешто.
- “Може ли да го видам овој камен?” – ги прашал Абдил душите
- “Секако дека може” – рекла едната душа и продолжила да зборука – “Овој камен има голема моќ. Со неговата помош царот го пратил Луцифер во центарот на земјата.”
- “А знаете ли чив е овој камен и чија е неговата употреба?” – ги запрашал Абдил
- “Ова е каменот од далечниот предок на добриот ангел Тармин, Пистис Софија кој бил ангелот на знаењето. Тој со неговата моќ го создал рајот и владеел со него кратко време. А за употребата на каменот...ние само продаваме овде!” – одговориле душите
- “А зошто не дошол царот на подземјето да го земе овој камен?” – ги запрашал повторно Абдил
- “Царот...ние...мислам...Слушај, ние овде само продаваме, ова не е оригиналот, ова е само украс...” – засрамено одговориле душите
- “Тогаш немојте повеќе да лажете и тргнете се оттука...Веднаш!” – им рекол Абдил
Абдил си заминал без да добие одговор на прашањето за каменот на неговиот татко, и се упатил кон кулата која му изгледала дека е во близина. Тргнал по патот и никако неможел да стигне. Кулата како да му се оддалечувала цело време додека одел. Почнал да трча, и видел дека може да стигне до кулата само со трчање, а кога ќе прекинел да трча кулата таа се оддалечувала. Така почнал веднаш да трча накај кулата и немал повеќе кондиција, но кулата му била пред него. Скокнал во вратата, и се стркалал по скалите внатре. Тоа била многу чудна кула која всушност цело време се ротирала. Од скалите од горната соба се јавил дебел глас кој му рекол на Абдил:
- „Проколната душо, веднаш качувај се!”
Абдил немал никаков страв, и веднаш се качил во кулата.
- “Влези, влзеи, не се плаши.” – му се обратил старецот
Таму видел стар човек кој од време на време поткашлувал. Бил многу стар и главата му била со малку коса, прекриена со отровни печурки. Седел на маса на која од многу седење нозете му се скорениле за подот.
- “Немам многу време да ти раскажувам кој сум и што сум, па затоа слушај ме внимателно што ќе ти зборувам” – му рекол старецот на Абдил
Ја открил куглата која му била прекриена со старо платно, и таа му била како радар на пеколот. Му го покажувала секое место, во секое време. Секој што минувал се гледал на куглата.
- “Гледаш ли каков неред се создава во пеколот? Кој на една страна мачи една душа, кој на друга страна ја пали шумата, кој на трета страна се мачи самиот себеси и ја уништува земјата. Пеколот е местото каде што идат злите души кои се проколнати да плаќаат за нивните гревови. Пеколот е ваков не затоа што царот на подземјето го направил ваков, туку самите души се виновни за ваквиот изглед и ваквиот неред. Тоа што сакав да ти го покажам е ова, местото каде што ти ќе можеш да избегаш од пеколот. Сега веднаш појди, доста ти е оваа помош од мене!” – му рекол старецот на Абдил
На Абдил почнале да му течат солзи од очите по тоа што го слушнал, и всушност видел дека има некој добар во пеколот. Го прашал старецот:
- „Добар старецу, зошто сте во пеколот кога имате добро срце? Зошто ми помагате?”
- „Тоа не е твоја работа, излегувај веднаш додека не сум те нападнал.” – му се развикал старецот на Абдил
[1] Митолошко суштество. Птица со човечки лик.
[2] Познатата и фамозна змија со пет глави, исто така митолошко суштество.
[3] Митолошко суштество. Змија со глава на жена која скаменувала со својот поглед.

